Хрватската полиција приведе 95 лица во рамки на операцијата „Индекс“

Хрватската полиција во рамки на масовната операција „Индекс“ приведе 95 лица, осомничени за вмешаност во корупција, јавија хрватските медиуми.

 |  Крсте Голабовски  | 
operacija index
operacija index

Хрватската полиција во рамки на масовната операција „Индекс“ приведе 95 лица, осомничени за вмешаност во корупција, јавија хрватските медиуми.

Акцијата беше спроведена денеска од хрватската Канцеларија за борба против корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) и од Државното обвинителство.
Главниот јавен обвинител Младен Бајиќ на прес-конференција изјави дека операцијата „Индекс“ почнала рано изутрината истовремено на факултетите за Економија, Сообраќај, Машинско инженерство, Факултетот за електротехника и информатика и во едно вишо училиште, чие име не се соопштува.

ZagrebСите приведени се осомничени за учество во организиран ланец за полагање испити преку плаќање. Меѓу осомничените се 21 професор, тројца асистенти и четворица секретари, а останатите биле студенти или граѓани.
Обвинителот Бајиќ изјави дека кај еден од уапсените професори се пронајдени 25 индекси, во кои имало пликови со вкупно 25 илјади евра.

Началникот на полицијата Маријан Бенко истакна дека полагањето испит чинело меѓу 400 и две илјади евра, а цената за прием на факултет достигнала до девет илјади евра.
Во акцијата учествувале повеќе од сто полицајци. Според хрватските медиуми меѓу уапсените е и претседателот на парламентарната Комисија за решавање на судир на интереси Деша Мликотин Томиќ, која истовремено е редовен професор на Економскиот факултет.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top