10-годишно дете пронашло пропуст на Instagram и е наградено со 10.000 долари

“Можев да избришам кого сакам, дури и Justin Bieber”

 |  инфодеск  | 

Jani e дете од Финска кое има само 10 години и спрема правилата на Facebook сеуште е премлад за користење на Facebook и Instagram, но него компанијата неодамна го наградила бидејќи пронашол пропуст со кој можел да ги брише сите коменатри на Instagram. Тој со промената на кодот на серверите на Instagram можел да ги брише коментарите на сите корисници на оваа мрежа и за медиумите во Финска изјавил: “Можев да избришам било кого, дури и Justin Bieber”.

Со оглед дека Facebook, како и бројни други компании ги наградуваат безбедносните истражувачи кои пронаоѓаат и пријавуваат пропусти на нивните мрежи, заслужено наградата ја добил и Jani, “чудо од дете” на кое Zuckerberg му платил 10.000 долари.

Од Facebook потврдиле дека проблемот со бришење на коментарите е пријавен во февруари, по што веднаш бил решен, а парите на Jani му биле исплатени во март. Проблемот се наоѓа во делот на кодот кој овозможува надворешен пристап на Instagram па така оваа апликација не го проверувала исправно идентитетот на корисникот кој ги брише коментарите па така наместо корисникот кој го напишал коментарот, тој коментар можел да го брише секој кој бил запознат со овој пропуст.

Ова десетгодишно дете тоа го докажало на тест профил кој го објавил компанијата на Zuckerberg. Jani, кој своите хакерски вештини ги научил гледајќи со часови видеозаписи на YouTube, својата заработка ќе ја потроши на купување велосипед и фудбалска топка, а иако има 10 години тој сонува да работи во безбедносната индустрија.

Спрема податоците од Facebook оваа компанија досега има наградено повеќе од 800 безбедносни истражувачи и има исплатено повеќе од 4,3 милиони долари, а до сега најмладиот имал 13 години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top