Главните кандидати за Белата куќа сѐ поблиску до номинација

Њујоршкиот милијардер славеше голема победа во матичната држава

 |  инфодеск  | 

Главниот републикански кандидат за номинација во трката за Белата куќа, Доналд Трамп ги освои во вторникот републиканските претседателски предизбори во државата Њујорк, приближувајќи се до освојувањето на доволен број кандидати за добивање номинација, но вечерта беше нешто понеизвесна за Хилари Клинтон за номинација на американските демократи.

Главната демократска кандидатка Хилари Клинтон исто така отствари победа во Њујорк и направи голем чекор кон добивањето партиска номинација за претседател на САД. Но, американските телевизии не го објавија веднаш победникот оценувајќи дека Клинтон води и дека првите резултати се изедначени со Сандерс, иако и беше потребна чиста победа откако нејзиниот противкандидат отствари серија од седум од последните осум партиски трки. Резултатите нешто подоцна покажале освојување на 60% од гласовите во однос на 40% на Сандерс.

Победите на Трамп и Клинтон во една од најголемите држави за претседателските предизбори  даде важен поттик за силни позиции следниот вторник кога се очекува добар резултат на нови пет предизборни трки на североистокот од државата.

Трамп, кој е сеуште најпопуларниот кај републиканците, во овие избори влезе со освоени 756 партиски гласови до сега, додека Круз имаше 559, а Касиќ 144, наведува АР. Ако не ги осигура доволниот број на гласови од партиската конвенција во јули во Кливленд, гласовите ќе можат да преминуваат на други кандидати.

Победата на Хилари Клинтон во Њујорк над сенаторот од Вермонт, Сандерс, би требало да го зголеми водството од 244 партиски гласови во однос на Сандерс и да направи да биде невозможно да се надополни дефицитот и да се освојат 2.383 партиски електорати потребни за номинација спрема правилата на демократите по кои делегатите се алоцираат пропорционално на основа резултатите во секоја држава.

Предизборите во Њујорк беа проследени со нерегуларности па така повеќе од 125.000 лица исчезнале од пописот во таа држава од околу 4 милиони избирачи колку што се проценува дека излегуваат на предизбори.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top