Генерален штрајк во Франција

Со делумна блокада на сообраќајот денеска во Франција почна генерален штрајк, кој се одржува во знак на протест против антикризната политика на претседателот Никола Саркози.

 |  Крсте Голабовски  | 
strike
штрајк

Со делумна блокада на сообраќајот денеска во Франција почна генерален штрајк, кој се одржува во знак на протест против антикризната политика на претседателот Никола Саркози.

Поголемиот дел од штрајковите и демонстрациите ќе се одржат денеска, но вработените во железничкиот и градскиот превоз уште од синоќа ја запреа работата.

Штрајкуваат и вработените во нафтената компанија „Тотал“, која неодамна соопшти дека ќе намали околу 560 работни места во фабриките во Франција.

ParisГенералниот штрајк се одржува во организација на главните француски синдикати.Француските рабтници и синдикати протестираат против економската политика на Владата во услови на криза. Тие сметаат дека е погрешно да им се дава помош само на банките и компаниите, а да не се преземаат мерки за зголемување на платите на работниците.Во поголемите градови на Франција денеска ќе се одржат повеќе од 200 демонстрации.

Ова е втор генерален штрајк во Франција од почетокот на годината.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top