Facebook припрема нова апликација за анонимно допишување

Засега не се знае многу за мистериозната апликација, но се знае за што ќе служи

 

Иако засега не се знае многу за мистериозната апликација, New York Times пренесува дека апликацијата треба да се појави во наредните недели, а би овозможувала на корисниците анонимно претставување и допишување.

Секако, ова е сосем поинаква филозофија која Facebook ја има на својата социјална мрежа, бидејќи знаеме дека на неа морате да се служите со правото име и презиме кој се достапни на јавноста.

Но, со појавата на сервисите како Secret и  Whisper, кои овозможуваат објавување на анонимни статуси, и мега популаарниот Reddit кој нуди своеврсна приватност за корисниците, Facebook одлучил да исчекори и на овој поинаков пазар.

Засега е непознато како ќе се однесува апликацијата, односно што ќе овозможува, но едно е сигурно, а тоа дека Facebook многу тешко ќе ги увери своите корисници дека оваа апликација ќе е анонимна, односно понудата за можност на криење на идентитетот. Од една страна и на самиот Facebook имаат прилично проблеми околу тоа, а во новата апликација тој проблем повеќекратно ќе се зголеми.

Се смета дека целта на оваа апликација е да овозможи форум за отворена комуникација каде корисниците не мораат да се грижат околу луѓето кој на некој начин се поврзани со коментарите на вистинскиот идентитет.

Прашањето останува, дали Facebook навистина ќе ја објави оваа апликација, или тоа ќе остане само нивен интерен тест проект.

{loadposition content9}

 

Facebook, анонимно, апликација, апликацијата, дека, допишување, една, засега, идентитетот, имаат, ја, корисниците, криење, мистериозната, новата, понудата, проблем, проблеми, страна, увери

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top