Една година подоцна како членка на ЕУ

Како живеат Хрватите во ЕУ

 |  инфодеск  | 

Измина една година откако Хрватска стана членка на Европската унија, а во минатата година стандардот на хрватските граѓани не се поправил, пренесуваат регионалните медиуми.

Меѓутоа, за тоа време, зеленчукот е поефтин за 16%, овошјето за 8%, маслото за 15%, а облеката за 5%, додека режиските обврски поскапеле за 2%.

Цените на храната се малку пониски откако Хрватска стана членка на унијата и може тоа да се почуствува на лебот, месото, шеќерот, овошјето, зеленчукот…Сепак, она што го гуши семејниот буџет се сеуште станарините и режиските сметки кои пораснале во текот на оваа година. И кога на крајот ќе се сумира, хрватските граѓани сепак не живеат подобро, во оваа една година од влезот во Европската унија. Напротив, помеѓу европските членки има најголема несразмерност помеѓу куповната моќ и цената на храната.

Станарината на просечен хрватски граѓанин, струја, вода и комуналии изнесуваат помеѓу 2.000 и 4.000 куни а просечната плата во Хрватска изнесува околу 5.000 куни.

Од 1 јули граѓаните на Хрватска ќе можат поефтино да телефонираат внатре во Европпската Унија, благодарение на намалениот роаминг. Повиците ќе се плаќаат за 21% помалку, смс пораките за 25%, а интернет сообраќајот дури за 55% помалку од  досега. Освен за Хрватите ова е добра вест и за туристите кои ќе ја посетат Хрватска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top