Драматично предупредување на Дејвид Камерон

“Исламската држава спрема страшни напади”

 |  инфодеск  | 

Британскиот премиер Дејвид Камерон предупреди дека милитантите на Исламската држава од Сирија и Ирак планираат “страшни” напади на територијата на Велика Британија, и додал дека исламистичките екстремисти претставуваат егзистенцијална закана на Западот.
Изјавата на Камерон уследи по вооружениот напад во Тунис во кој со огнено оружје исламист уби 30 британски туристи, што британските политичари го опишаа како најтежок напад на Британци по терористичкиот напад во подземната железница во Лондон во 2005 година.
“Станува збор за егзистенцијална закана бидејќи ова што се случува овде е изопачување на една голема религија и создавање на отровен култ на смртта кој заведува премногу млади души”, рекол Камерон за BBC.
“Постојат луѓе во Сирија и Ирак кои планираат страшни напади во Британија и други земји, и сѐ додека постои Исламската држава во тие две земји, ние сме во опасност”, рекол британскиот премиер.
Моментално заканата од меѓународен терористички напад во Британија е оценет како “сериозен”, а тоа е второ најголемо ниво на закана и значи дека нападот е “многу веројатен”.
Полицијата потврдила дека по настанот во Тунис ја покренала најголемата противтерористичка операција во последното десетлетие.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top