Донаторска конференција за обнова на Појасот Газа

Во египетското летувалиште Шарм ел Шеик денеска започнува донаторска конференција за собирање на околу три милијарди долари за санирање на штетите во Појасот Газа, кои беа причинети за време на израелската офанзива во ова палестинско подрачје.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sharm el sheik
Шарм ел Шеик

Во египетското летувалиште Шарм ел Шеик денеска започнува донаторска конференција за собирање на околу три милијарди долари за санирање на штетите во Појасот Газа, кои беа причинети за време на израелската офанзива во ова палестинско подрачје.

На конференцијата ќе учествуваат 80 држави и меѓународни организации.

На форумот е најавено присуството и на неколку шефови на држави, меѓу кои се египетскиот претседател Хосни Мубарак, палестинскиот претседател Махмуд Абас и шефот на француската држава Никола Саркози. На конференцијата ќе учествуваат и генералните секретари на Обединетите нации и на Арапската лига, Бан Ки-мун и Амр Муса. Во Шарм ел Шеик ќе пристигне и италијанскиот премиер Силвио Берлускони.

На конференцијата ќе присуствуваат и високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност Хавиер Солана, еврокомесарот за надворешни односи Бенита Фереро Валднер и специјалниот пратеник за Блискиот Исток на Блискоисточната четворка (ОН, Русија, САД и ЕУ), Тони Блер.

Во Египет ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на 45 земји во светот, меѓу кои и американскиот државен секретар Хилари Клинтон. За поранешната прва дама на САД конференцијата во Шарм ел Шеик е првата етапа од нејзината блискоисточна турнеја, во рамките на која ќе ги посети и Израел и палестинските територии.

GazaСе очекува на донаторската конференција Клинтон да објави дека САД за палестинската автономија ќе доделат 900 милиони долари, од кои 300 милиони ќе бидат наменети за Појасот Газа, 200 милиони за закрепнување на буџетот, а 400 милиони за економската програма на Западниот Брег.
Во Египет ЕУ ќе објави дека за Појасот Газа ќе одвои 554 милиони долари. Израелскиот премиер Шимон Перес ја предупреди Еу дека тие пари можат да завршат кај Хамас, кој го контролира Појасот Газа и кој нема да учествува на донаторската конференција.

Земјите од Советот за соработка во регионот на Перисискиот Залив – Бахреин, Катар, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Оман на конференцијата ќе соопштат дека за обнова на Појасот Газа доделуваат помош од 1,6 милијарди долари. Алжир исто така вети помош од 250 милиони долари.

На донаторската конференција палестинскиот премиер Салам Фајад ќе го повика Израел да ги укине блокадите на Појасот Газа.
За време на 22 дневната офанзива на Израел во Појасот Газа загинаа повеќе од 1.400 лица, а ранети беа 5.400. Разурнати беа четири илјади домови, 20 џамии, 1.500 работилници и фабрики, а околу 148 илјади згради имаат потреба од реконструкција.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top