Црн ден за авионите „миг“

Два воени авиона од типот „миг-21“ на хрватското воено воздухопловство и воен авион од типот “Миг 29” на белоруското воено воздухопловство се урнаа вчера.

 |  Маја Савиќ  | 
mig 29
mig 29

motor od mig 21-HrvatskaДва воени авиона од типот „миг-21“ на хрватското воено воздухопловство вчера се урнале за време на тренинг-лет во близината на воениот полигон „Еуген Кватерник“. Двајцата пилоти успешно се катапултирале и со падобран неповредени се приземјиле, пишува „Вечерњи лист“

Весникот наведува дека несреќата се случила над населено место, а најверојатно станува збор за судир меѓу двата авиона за време на тренинг-летот. Според „Вечерњи“, на полигонот во изминатите неколку дена била спроведувана обука на пилотите на „миг-21“ за лоцирање и дејствување врз копнени цели. Во обуката учествувале четири авиони „миг-21“, како и четири транспортни хеликоптери „ми-171“.

Хрватскиот министер за одбрана Бранко Вукелиќ ги демантирал тврдењата на медиумите дека авионите се урнале поради мерките за штедење, додавајќи дека сите летала редовно ги поминуваат задолжителните контроли.     

Воен авион од типот “Миг 29” на белоруското воено воздухопловство се урнал во текот на воена вежба во таа земја. Во несреќата загинале двајцата пилоти.
Инцидентот се случил околу 17 часот по локални време, авионот се урнал во шума откако пилотите изгубиле контрола над него, јавува РИА Новости.
Белоруските власти веднаш покренале истрага за причините за падот на авионот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top