Четворица загинати во тешка сообраќајна несреќа во Србија

Во тешка сообраќајна несреќа во Србија загинаа четири лица, пренесуваат српските медиуми.

 |   | 

Четири лица загинаа, а четири се тешко повредени во судир на патничко комбе и камион кој утринава околу 6:20 часот се случил во Србија.

До несреќата дошло кога најверојатно возачот на комбето, кое превезувало сезонски работници кои береле јагоди, излегувајќи од спореден пат не застанало на „стоп“ знакот. На него налетал камион кој се движел по магистралниот пат.
Тројца работници од комбето и возачот загинале на лице место, додека четворица со тешки повреди се пренесени во болница.

Меѓу настраданите има брачен пар, родители на четири деца. Сопругот починал на лице место, а жената е тешко повредена.

Полицијата врши увид на местото на несреќата, а сообраќајот се пренасочува по алтернативни правци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top