Часовникот од Apple ќе има повеќе од 10 сензори

iWatch ќе почне да се призведува за два месеца

 |  инфодеск  | 

Паметниот часовник од Apple, за кој се зборува подолго време, ќе биде дизајниран во повеќе различни изведби, пишува Wall Street Journal повикувајќи се на неименувани добро упатени извори. Тие тврдат дека уредот ќе биде претставен во октомври а производствот ќе започне за два до три месеци во погоните на тајванската компанија Quanta, долгогодишен соработник на Apple.

Новиот уред од Apple ќе има повеќе од 10 сензори, вклучувајќи ги оние за здравјето и формата на корисникот. Изворот рекол дека Apple сака да одговори на критиките со кои досегашните паметни часовници не нудат доволно различни функции од оние на паметните телефони.

Apple минатиот месец ја претстави новата апликација Health (здравје) чија функција е собирање на податоци за здравјето и формата на корисникот на едно место. Бидејќи Apple не претставил и уред кои ќе ги собира тие податоци, се појавија гласини дека компанијата подоцна ќе претстави и носечки уред кој тоа би го правел.

Изворот додава дека часовникот на Apple ќе има повеќе големини на екранот и дека до крајот на годината Apple би требало да испорача помеѓу 10 и 15 милиони вакви уреди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top