Батерија со поголем век на траење од цврстите батерии

Направен е прототип на течна батерија која би била поефтина за масовна употреба

 |  инфодеск  | 

Тим на научници од институтот за технологија во Масачусетс (MIT) направил прототип на батерија која е дизајнирана да се надополнува со енергија од соларни извори и од ветерници. Батеријата која истражувачите од MIT ја направиле се состои од мешавина на литиум, антимон и олово. Батеријата е практично течна бидејќи наведените метали се стопени на 450 степени целзиусови. Нејзиниот животен циклус е многу поголем од цврстите батерии.

Во тестот на издржливост, кој го спровел тимот на истражувачи, батеријата ја полнеле и празнеле 1.800 часови, а од податоците кои биле добиени откриле дека за 10 годишно користење на батеријата, таа би изгубила само 15% од својот максимален капацитет, пренесува popsci.com

Во MIT веруваат дека течните батерии ќе бидат поефтино решение, од цврстите, за масовна употреба.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top