Колку бактерии има една просечна банкнота

Само едно од пет лица мијат раце

 |  инфодеск  | 

Истражувањето покажало дека користењето на банкноти и метални пари е нехигиенско, сепак, само едно од пет лица мијат раце по употребата на пари.

Истражувањето е спроведено на 9923 Европјани над 18 години каде биле вклучени Велика Британија, Франција, Шпанија, Данска, Полска, Грција, Унгарија, Романија, Чешка и Хрватска. Тоа покажало дека две третини од Европјаните веруваат дека банкнотите се валкани, додека само еден од петмина мие раце по допирот со нив.

Три четвртини од испитаниците во оваа студија се сложиле дека треба да бидат внимателни кога станува збор за користењето на парите, поради бактериите кои се наоѓаат на нив. Но, истражувањето исто така покажало дека многу почесто се мијат раце по некои други активности како допир на домашно милениче (46%) или користење на јавен превоз (36%).

Студијата покажала дека просечна европска банкнота содржи 26000 бактерии кои се можна опасност по здравјето. Во Унгарија и Франција најмногу испитаници веруваат дека банкнотите се валкани, а најмалку од нив мијат раце по нивната употреба.

Додатни сознанија од студијата покажуваат дека 4 од 10 Европјани (37%) тврдат дека се согласуваат за промени во секојдневниот живот за да биде похигиенски, а мнозинството тврди дека повеќе сакаат да користат картички или бесконтактно плаќање во замена за банкнотите.

„Свесни за овие факти би требало да сме освестени дека користењето на банкноти и метални пари е потенцијално опасно, подеднакво како и допирање на вратите од тоалетите и ракофатите на подвижни скали“, рекол Џим ОМахони, предавач по биолошки науки на универзитетот за технологија во Ирска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top