Цвагираи се закани со напуштање на Владата на национално единство

Лидерот на опозицијата во Зимбабве Морган Цвангираи се закани дека ќе ја напушти Владата на национално единство ако партијата на претседателот Роберт Мугабе ги добие сите клучни министерства.

 |  Крсте Голабовски  | 
Morgan Cvangirai
Morgan Cvangirai

Лидерот на опозицијата во Зимбабве Морган Цвангираи се закани дека ќе ја напушти Владата на национално единство ако партијата на претседателот Роберт Мугабе ги добие сите клучни министерства.

Цвангираи изрази надеж дека претседателот на Република Јужна Африка Табо Мбеки кој пристига утре во Хараре, ќе се обиде да изврши притисок врз Мугабе за да се почитува договорот за поделба на власта.

Robert MugabeОфицијалниот весник Хералд публикуваше вчера список на министерствата кои ќе ги предводат лица од Африканскиот национален сојуз на Зимбабве – Патриотски фронт, и според првиот впечаток, наведуваат западни медиуми, сите клучни места остануваат во рацете на ЗАНУ-ПФ.
Цвагираи изјави на митинг дека деговата партија Движење за демократски промени ќе ја напушти владата отколку да се согласи за таква зделка.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top