Воведување ред во такси превозот

Струшките таксисти на мета на охридските инспекциски служби. Во период од еден месец изречени се 15 мандатни казни на таксисти од соседната општина. Глобите се високи и изнесуваат до 3000 евра, велат од општинскиот комунален инспекторат.

 |  Билјана Николовска  | 
taksi
такси

taksisitiТаксистите ќе се ставаат во колосек. Со назначувањето на новиот советник инспектор за патен сообраќај се средуваат пропустите со авто таксистите во градов. Ова е еден од најгорливите проблеми кој се повеќе е изразен за време на летната сезона и за кој години наназад надлежните очајно бараат излез. Досега најчестиот изговор за незавидната состојба во која се наоѓа такси превозот во градов беше префрлање на топката од еден на друг. Раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски во врска со овој проблем излезе со првичните резултати на изречени казни.
„Досега изречени се 15 мандатни казни за нецел месец дена. Не застануваме тука. И во наредниов период следуваат акции со цел да се среди состојбата со нелојалната конкуренција во такси превозот“, вели Танасоски
Охрид е град кој има најмал број нелиценцирани таксисти, тврди Танасоски. Неговите очекувања се дека до почетокот на туристичката сезона и тоа ќе се среди. Но не гарантира и за соседна Струга. Танасоски вели дека мора да се стави крај на дивеењето на такси возилата кои не ги исполнуваат условите за вршење превоз на патници без разлика од каде доаѓаат.
Иако постои голема соработка со СВР Охрид во делот на такси превозот, недостасуваат контролите од страна на инспекциските служби на УЈП и на Државниот пазарен инспекторат вели Танасоски. Тој додава дека мора и тие служби да се вклучат во решавање на проблемот со таксистите како би се постигнал саканиот ефект.
Танасоски стравува дека и оваа сезона проблем повторно ќе бидат комби возилата на патниот правец Битола – Охрид. Тој рече дека и тука нема да се прогледува низ прсти. На сите на кои ќе бидат затекнати без дозвола за линиски превоз ќе им бидат одземени сообраќајните дозволи.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top