Училиште на опасен терен

Во населбата Даљан, Охрид, во непосредна близина на подрачната единица на ОУ Св. Климент Охридски, постојат објекти опасни по живот.

 |  Билјана Николовска  | 
ruiniran objekt
руиниран објект

ruiniran objektПодрачното училиште на Св. Климент Охридски во населба „Даљан“, во моментов се наоѓа меѓу објекти опасни по живот. Рушевини, паднати ѕидини, надвиснати кровни конструкции со искршени талпи, е сурово секојдневие на децата кои изведуваат настава во ова училиште. Да не зборуваме за околината околу овие објекти во која има секаков вид на комунален отпад од градежен шут па се до игли шприцеви остатоци од храна и друго. Оваа слика посебно го погодила Петар Панов некогашен жител на оваа населба, кој моментално живее и работи во странство. Тој вели дека дел од неговото детство го поминал на ова место кое своевремено било пример за средена и чиста околина. Панов стравува дека на ова место во прашање е доведена безбедноста на децата кои можат да настрадаат доколку се урне столбот кој се држи на едне цигла.
Панов се чуди зошто надлежните досега не направиле ништо да се тргне опасноста од ова место. Исто така  неразбирливо му е зошто и родителите на децата се плашат јавно да проговорат за овој проблем за кој од одамна се свесни.
ОУ Св. Климент ОхридскиГенерално земено на спомнатиот локалитет објектите се во распаѓање и нормално е да постои стравување кај населението од опасност по безбедноста на човечкиот живот, согласен со нас раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Танасоски вели дека повеќе од потребно е да се делува на ваквите места, но без амин на Секторот за урбанизам кој треба да даде решение за рушење на објектите кои се опасни по човечкиот живот, тој како одговорен е немоќен.
Раководителот на Секторот за урбанизам Бранко Арнаудов како дирекно одговорен за да го спроведе  законот за градба во кој е нагласено дека објектите кои се опасни по човечкиот живот треба да се отстранат, не упати кај Митре Вељаноски раководителот на одделение за образование, култура, детска, здравствена и социјална заштита. Вељаноски пак рече дека познат им бил овој проблем. Тој нагласи дека сега не било време на тоа место да се спроведуваат активности поради текот на учебната година а даде ветување дека наредната година овој локалитет ќе биде уреден. Да се надеваме дека до наредната година нема да попуштат опасните столбови на овој руиниран објект и ако попуштат белким нема да се погоди некој тука во тој момент да настрада.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top