Струга интензивно ќе го развива риболовниот туризам

Почнува да се развива риболовниот туризам  информираат од Пастрмка- Струга. Сите заинтересирани граѓани од Струга, Македонија како и граѓани од соседните земји можат да извадат  дозвола за рекреативен риболов, која важи една година и изнесува 1600 денари.

 |  Николоска Биљана  | 
drim struga
дрим струга

 

drim strugaКонцесионерот на реката Црн Дрим, Пастрмка – Струга отпочна со издавање на дозволи за риболов. Секој граѓанин од земјава и надвор од неа кој сака рекреативно да лови риба треба да исполни два услови за да дојде до потребната дозвола, вели претставникот на концесионерот на реката Црн Дрим Емил Матоски. Тој нагласи дека сите оние кои ќе извадат дозвола, помагаат во заштитата на риболовниот ревир на реката Црн Дрим.

„Дозволата за нашиот риболовен ревир изнесува 1100 денари, но претходно треба да биде регистриран член на риболовната федерација, што со чланарина во нашето друштво  вкупно би чинела 1600 денари годишно. Тоа е една од најевтините дозволи во нашата држава, горе долу 50% сите се на таа цена, има дозволи и до 3000 денари. Значи Струга има капацитет за најразвиен риболовен центар во државава, имаме езеро, река и со таа целна дозвола релативно е фер од наша страна спрема сите риболовци“– вели Матоски.

drim strugaТој убедува дека се достапни за сите и дека максимално се ангажираат за развој на риболовниот туризам. Тоа според него е од голем интерес за граѓаните на Струга.

„Работиме на таа тема, во моментов малку тешко оди таа работа, затоа што никогаш не сме работеле на тој план, но во наредниве години тоа ни е главна цел да почниме организирано да носиме туристи од сосрдството за таа цел“– изјави Матоски.

Матоски посебно ја потенцираа добрата соработка  со овластените институции од областа на рибарството како и со Државниот инспекторат за земјоделие. Тоа го потврдува и Државниот инспектор по земјоделство Јован Бојчовски. Според него минатата година бележат нагорна линија во справување со рибокрадството, а за годинава Бојчовски смета дека е рано да се зборува.

drim struga„Нема некои значителни појави на организирано рибокрадење или не вадење дозволи од страна на рекреативните риболовци. Тоа е резултат пред се на сите активности кои одделението за инспекциски надзор од областа на рибарство со аквакултура од Охрид, ги преземаше во изминатите години, каде заедно со рибочуварската служба на Пастрмка од Струга имавме значителни резултати во делот на одземен риболовен алат, риби и поведени постапки во Основен Суд Струга“.

Инаку, Бојчоски нагласи дека сите оние кои ќе бидат затекнати без потребната дозвола, казните се високи и на лице место се изрекува глоба од 500 евра во денарска противредност. Дозволите може да се извадат во работната просторија на Пастрмка – Струга која што се наоѓа во Градскиот безистен на 1 кат или со непосредна средба со рибочуварите кои се достапни во секое време долж ревирот на реката Црн Дрим.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top