Серија од отчетот на сработеното на ВМРО – ДПМНЕ

Уште една серија од отчетот на сработеното, и визијата за иднина. Здравството, образованието и екологијата беа главните сегменти на денешниот прес на струшкиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ.

 |  Билјана Николоска  | 
Zaturoska
Затуроска

ZaturoskaЗдравството го следиме со огромно внимание. Лилјана Затуроска кандидатот за претеник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, од Струга на денешнот прес зборуваше за реализираните проекти пред се во  здравството, образованието и екологијата. Работата на струшките здравствени центри досега не потфрлила во ниту еден оддел, рече Затуроска. Не бадијала Владата во тој дел конкретно за болниците на струшкиот регион досега инвестира 3 980 000 евра, додава таа.

Образованието е посебна приказна, вели Заруроска. И во тој дел Владата секоја година го зголемува буџетот. А за екологијата го направивме она што години наназад беше заборавено, а тоа е чистење на каналите на цело струшко поле при што се избегнаа големите поплави, додава таа. Затуроска кажа и за зацртаното во манифестот на овие полиња во наредните 4 години.

Затуроска и овој пат потсети дека стружани го препознаваат сработеното и добробита од досегашната владеачка гарнитура и убедена е дека ќе ја добијат комплетната поддршка и на овие предвремени парламентарни избори, па дури и повеќе.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top