Протест во Враништа

Враништани два дена на протести. Жителите бараат водоводна и канализациона мрежа. Велат сами се приморани да градат септички јами, кои се излеваат низ селото и се потенцијална опасност по здравјето на луѓето. Колекторот за отпадни води е изграден на земјиште кое припаѓа на село Враништа, а жителите немаат канализација со децении не се поврзани во колекторскиот систем.

И покрај бројните ветувања дадени од страна на властите во текот на сите години граѓаните на Враништа остануваат без канализациона мрежа а што е најтрагино на само 50 преку Црн Дрим се наоѓа колекторот за отпадни води од целиот струшки регион – истакна Иванчо Милески претседател на МЗ Враништа.

Велат дека уредно плаќале за изградба на канализациона мрежа, но никогаш не им е изградена. Враништани се соочуваат и со проблеми со водоснабдувањето.

Во однос на водоводната мрежа ќе истакнам дека цефките од истата се веќе стари и мора да се променат. Притисокот на водата псоебно во лето е многу мал што е пробем кој треба да се земе во предвид кога ќе се работи на водоводната мрежа – додава Милески.

Враништани бараат итно да започне изградба на канализациона и водоводна мрежа, во спротивно ќе организираат уште помасовни протести и блокади на патишта и колекторскиот систем.

 

Новинар Соња Рилковска

Враништа, протест

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top