Пронајден кокаин кај две лица од Струга

МВР информира дека на 10-ти јуни кај две лица од Струга пронајден е кокаин. Двете лица се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 |   | 

На 10-ти јуни 2021 година, во 22:30 часот во населбата „Плитишта“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга ги лишиле од слобода И.Р.(26) и Ј.К.(26), двајцата од Струга.

– При преглед во патничко возило „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, во кое биле двајцата, бил пронајден и одземен кокаин. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top