Посебниот линиски превоз, проблем во Струга

Доцни тендерската постапка за избор на превозник на средношколци на подрачјето на општина Струга. Од тоа најмногу се засегнати родителите на учениците во двата средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“,  бидејќи неколку дена сами си го плаќаат превозот. Директорите смируваат и велат дека проблемот најдоцна до понеделник ќе биде решен.

 |  Николоска Биљана  | 
gimnazija struga
гимназија струга

gimnazija strugaПроблем со посебниот линиски превоз во Струга. Околу 150 средношколци од СОУ „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ деновиве од свој џеб плаќаат превоз  од училиште до дома и обратно на релација Охрид – Струга. Родителите се револтирани, бараат одговор од директорите да појаснат на што се должи ваквата состојба, а дел од нив како што кажаа за ТВМ веќе  размислувале своите деца да ги префрлат во охридските средношколски центри. Директорот Никола Затуроски, смирува и во име на двата средношколски центри тврди дека до понеделник проблемот ќе биде надминат.

„Вие знаете дека се спроведува тендерска постапка за превоз на ученици заклучно со 10.06.2014. Факт е дека се доцни малку во целата оваа постапка меѓутоа сите институции вклучувајќи ги двете средни училишта, општина Струга и институциите кои што се надлежни за образование во нашава република се организирани да се реши овој проблем, очекуваме искрено кажано некаде до понеделник за одредено решение и се надеваме дека повторно ќе се одвива воспитно образовниот процес непречено во двете средни општински училишта“ – објаснува Затуроски.

gimnazija strugaТендерската постапка за превозни услуги била долга и додека дојде до склучување на финален договор со економскиот оператор кој што треба да ги изведува  превозните услуги за одредена релација, треба најмалку да помине период од два и пол месеци, објаснува Затуроски. Тој вели дека и тоа влијае на тоа што се доцни со постапката. Додава дека се работи за избор оператор за превоз на ученици на 27 релации од општина Струга и буџет кој што надминува над 500 000 евра.

„Ние како општински училишта не ги прифаќаме сите деца кои што завршуваат основно образование на територија на општина Струга. Тие ученици имаат право да се запишат и во приватните училишта и во другите општини. Ние не можиме со сигурност во тендерот да предвидиме колку ученици од која релација ќе имаме. А тоа го предвидува самата тендерска постапка каде што ние точно кажуваме колку се од кое населено место како ученици за да имаме точна цифра во самата постапка и затоа малку чекаме да видиме прв уписен рок и да може да предвидиме колку ученици ни доаѓаат од кое населено место“ – појаснува директорот.

gimnazija strugaЗатуроски со апел за трпеливост до сите родители, учениците да бидат во училишните клупи, и да препуштат институциите да го решат проблемот бидејќи постои воља кај сите надлежни за оваа проблематика. Инаку, минатата година превозните услуги на учениците ги вршеше Расим  – Туризам, кој што имал важечки договор со гимназиите до 10.06. годинава. Измените на Законот за јавни набавки во месец мај строго забраниле потпишување на анекс договор па затоа овој оператор престанал да ги врши услугите се  до изборот на новите потписници. Од оваа компанија  еден месец, доброволно гратис ги возеле сите средношколци од струшките гимназии кои патуваат на одредените релации. Тендерските документи ќе бидат отворени до 12 ноември годинава во гимназијата „Ибраим Темо“, а каво ќе биде до тогаш решението останува да дознаеме во понеделник како што најави Затуроски.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top