За подобра контрола, компјутерот во дневна!

Во 2009 до Дирекцијата за заштита на личните податоци пријава за злоупотреба на лични податоци на интернет дале 130 лица, најчесто од мрежите за дружење како Facebook.

 |  Крсте Голабовски  | 
dete
дете

deteВо 2009 до Дирекцијата за заштита на личните податоци пријава за злоупотреба на лични податоци на интернет дале 130 лица, најчесто од мрежите за дружење како Facebook.

Казните за злоупотреба на личните податоци преку интернет, ако се докажaт се високи. Децата и нивните лични податоци како категорија се најзагрозени. Дали знаете што вашето дете работи на интернет? Колку е тоа заштитено? Колку се заштитени неговите лични податоци?  Дирекцијата за спречување на злоупотреба на личните податоци отпочна кампања за подигање на свеста, пред се кај учениците, со цел запознавање со опасноста која демне при употребата на веб страните за социјално дружење на интернет. Во Охрид ваква акција се спроведува преку организацијата на Црвениот Крст. Координаторот Анета Јованоска признава дека мрежите за дружење се злоупотребуваат.

Јовановска додава дека за да се спречи злоупотребата на податоците преку мрежите за дружење треба да се дејствува на национално ниво. Треба да бидат вклучени сите релевантни институции, невладините организации, наставниот кадар во училиштата, локалните самоуправи и соодветните министерства. Потребна е изработка на национални стратегии со кои ќе се определат правила за ограничување на пристапот. Улогата на родителите во никој случај не смее да се маргинализира.

Меѓутоа, употребата на веб страните за социјално дружење не е толку негативна. Тие претставуваат нов начин за комуникација во интернет ерата. Го имаат истото значење и употреба како што своевремено имаше телефонот. Казните за злоупотреба на личните податоци преку интернет, ако се докажaт се високи, од 900 до 4.000 евра или една година затвор за сторителот на делото.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top