„Мини саем на книгата“ во Струга

Во среда во Паркот на поезијата во Струга ќе се одржи „Мини саем на книгата“.

 |   | 

Во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ и издавачките куќи „Матица“, „Македонска“ и „Нобел“ од Тетово, на 23.06.2021г.(среда), со почеток од 11 часот во Паркот на поезијата пред градската библиотека во Струга ќе се одржи „Мини Саем на книгата“, каде што сите љубители на пишаниот збор ќе можат да си ги набават омилените бестселери по саемски цени.

Овој настан е финансиски помогнат од Министерството за култура на РМ, а неговото одржување е во знакот на патрониот празник на Националната установата „Браќа Миладиновци“ – Струга. На 24-ти јуни е годишнината од излегувањето на Зборникот на Браќата Миладиновци.
Воедно покрај Мини саемот, по повод патрониот празник на 23-ти јуни ќе се одржат бројни настани на Летната сцена при Центарот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top