Во Македонија лесно се бега од затвор

Се` тече, се` се менува само условите во затворите и нивната безбедност е иста. Дали може да се истражи реалната слика во затворите, останува отворено прашање.

 |  Билјана Николовска  | 
Idrizovo
Идризово

IdrizovoБројот на бегалци од затворите во земјава расте. Наспроти тоа одговорноста на надлежните установи за ваквата појава, затајува. Според статистистичките податоци на МВР, само годинава е распишана потерница за повеќе од 40 осуденици. Претставниците на Хелсиншкиот комитет во Македонија вината ја гледаат во немањето капацитет чуварските служби да се справат со овој проблем, како и во недостаток на средства за воспоставување на современ мониторинг систем.

Директорката на Управата за извршување санкции, Лидија Гаврилоска, потенцира дека треба да се внимава кога се зборува за бројките на осудени лица. Таа рече дека со новите 40 вработувања за кои Владата веќе има дадено зелено светло ќе се ублажи состојбата, но не и дека тоа ќе го надмине проблемот.

Пристапот до информации за тоа каква е состојбата во Охридскиот затвор, речиси невозможен. Најкомпетентниот за давање вакви информации, директорот Стефан Трпеноски недостапен за новинарите. Кога го побаравме бројот на неговиот мобилен телефон ни кажаа дека имале строга забрана да го даваат истиот. Не можеа ниту со точност да кажат кога може случајно да го начекаме на своето работно место. Ни рекоа да сме поупорни, па ако треба и цел ден да го бараме на фиксен телефон.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top