Литијата ќе ја освети Струга

Денес во Струга во црквата „Свети Георгиј“  со почеток во 16 часот ќе се одржи вечерна богослужба и литија со светите мошти на Свети великомаченик Георгиј Победоносец и со неговата чудотворна икона.

 |  Голабовски Крсте  | 
litija
литија

еордијаДенес во Струга во црквата „Свети Георгиј“  со почеток во 16 часот ќе се одржи вечерна богослужба и литија со светите мошти на Свети великомаченик Георгиј Победоносец и со неговата чудотворна икона.

Станува збор за една многу стара духовна традиција која ја практикуваат православните христијани во Струга. Со литијата не само што се слави светецот, но се осветува и целата природа во градот и околината.

„Литијата е многу стара традиција.Имаме потврда дека постои стотици години уназад, односно околу петстотини години. Во ваква организација, со носењето на моштите на Свети Георгиј од Бигорскиот манастир се изведува веќе четврта година. Со чудотворната икона, литијата се одржувала со години наназад особено поради осветувањето на црквата „Свети Георгиј“ во Струга во1835 година, еден ден по празникот, односно на 7. мај“, појаснува отец Васко Голабоски.

Со денешната вечерна богослужба ќе чиноначалствува митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top