Линискиот превоз на релација Струга-Октиси, проблем

Линискиот превоз на релација Струга-Октиси ги растревожи пензионерите.

 |  Билјана Колоска  | 
kombe
комбе

Возниот ред и пропишаниот патен правец, воопшто не се почитува. Пензионерите се обратиле до локлната самоуправа, го известиле и министерот за транспорт и врски, и сеуште проблемот не е решен.

Превозниците не се движат по пропишаниот патен правец, и со  патниците се договараат преку телефоно. Немаат возен ред што не е случај со  останатите села од околината. Не се знае кога и од каде тргнуваат возилата, реагира група пезионери. Тие преку здружението на инвалиди на трудот, за овој проблем писмено го известија министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, но досега нема подобрување во возниот ред. Се обратиле и до локлната самоуправа но надлежните не биле заинтересирани да им излезат во пресрет, вели револтирана група пензионери.

postojkaОд општина Струга велат дека упорно се обидуваат да го решат проблемот со сите линиските превозници во струшкиот регион, за да се почитува возниот ред. Од таму не информираа дека најголем проблем со непочитување на законските одредби имаат со превозниците од горе споменатото село.

Инаку во моментов линиски превоз на релација Струга-Октиси вршат двајца превозници. Истите тоа го прават истовремено без претходна меѓусебна координираност, и речиси се во трка кој повеќе патници да има, не информираат надлежните.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top