• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Храбри викинзи, мирољубиви индијанци, римјани-освојувачи на Фестивалот на цивилизации во Јахја Кемал

Храбри викинзи, мирољубиви индијанци, римјани-освојувачи на Фестивалот на цивилизации во Јахја Кемал

Средношколците од Јахја Кемал дефилираа презентирајќи ги различните цивилизации и култури од светот. Од викинзи, римјани и индијанци, до хипици, панкери и пантомимичари. Вистински раскош од маски и костими кои покрај естетскиот изглед имаа и едукативна па и забавна содржина.

 |  Мишел Наумоски  | 
festival na civilizacii

Храбри викинзи, мирољубиви индијанци, римјани-освојувачи па и носители на хипи културата и британската панк субкултура. Ова вистинско цивилизациско шаренило кое го приредија средношколците од “Јахја Кемал” колеџот, денес беше реалност и како еден времеплов ги понесе буквално сите од праисторијата па се до најновите суб култури. Учениците се подготвувале повеќе од месец дена изработувајќи ги маските заедно со нивните професори, а во рамки на Фестивалот на цивилизации и култури кој годинава им се поклопи со 1ви април, денот на шегата.

vikinzi“Идејата на самиот фестивал е да се покажат различностите пред се, да се забавуваме, 1ви април, оваа година коинцидираше со овој термин, фестивалот е пред се од едукативна природа, но и од забавна, еве видовте колку се забавуваа нашите ученици. На некој начин покажавме се што сме сработиле овој период, од почетокот на годината, до сега. Ја видовте фолклорната секција која што ќе настапува на фестивалот за култури и јазици годинава во Германија. Минатата година го освоивме прекрасното второ место, годинава се надеваме дека и златен медал ќе донесеме од тоа натпреварување.”-вели заменик директорот на ПСУ „Јахја Кемал“, Коста Хиохи.

rimjaniПрикажаните цивилизации и уверливите костими според професорката Фросина Постолоска се доказ дека денешниот Фестивал на цивилизации и култури е и повеќе од успешен.

“Ова е начелно продолжување на оној фестивал кој што го работиме скоро секоја година, но оваа година управата на Јахја Кемал одлучи поради големите награди кои ги добивме на државно ниво, да ги релаксира малку нашите ученици, и со тоа да се подготвиме подобро за светските натпревари кои допрва не очекуваат.”-рече Фросина Постолоска-професорка во ПСУ “Јахја Кемал”.

Инаку фестивалот на цивилизации и култури годинава тие го одржуваат по петти јубилеен пат, а како начин да се негува културниот релативизам во колеџот кој и самиот претставува едно мултикултурно училиште.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top