Се гледа крајот на десетдневниот штрајк во образованието

Учениците нема да бидат оштетени поради штрајкот во образованието. Ќе се изнајде начин да не им бидат одземени викендите ниту пак дел од зимскиот распуст, најавуваат oд СОНК.

 |  Лионела Јаковлева  | 
strajk
штрајк

Учениците нема да бидат оштетени поради штрајкот во образованието. Ќе се изнајде начин да не им бидат одземени викендите ниту пак дел од зимскиот распуст, најавуваат oд СОНК.

Штрајкот во образованието има реални шанси да биде прекинат, но дури во среда. Лидерот на синдикалците, Дојчин Цветановски синоќа оствари средба со владин функционер по што изјави дека  преговорите се мрднале од мртва точка, но дека до решение сеуште не дошло. Раководството на СОНК одржа седница на која одлучи штрајкот да продолжи и денеска.

pretstavnici SONKВо меѓувреме повеќе училишта упатија апел за продолжување на наставата. И родителите реагираат на примената на оваа радикална мерка. Тие не се согласуваат нивните деца пропуштеното за време на штрајкот да го надополнуваат за време на зимскиот распуст или пак за време на викендите. Од општинската организација на СОНК велат дека ќе се изнајде начин тоа да не се случи.

Дел од професорите и понатаму потенцираат  дека штрајкот претставува легитимно демократско средство за остварување на правата на просветните работници кои се оставени на маргините на општеството. И Демир Далип од Сојузот на египќани го дели нивното мислење, но смета дека сега не е време за вакви радикални чекори.

Инаку во Охрид штрајкуваат сите основни и средни училишта со исклучок на основното училиште „Живко Чинго“ од село Велгошти. Во Струга пак не штрајкува училиштето „Гоце Делчев“ во село Јабланица. Од денес во поголемиот дел средни и основни училишта почна делумно да се одржува настава, а од средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ се упатува апел до сите наставници да го прекинат штрајкот.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top