Буџетот на општина Струга за 2011 година ребалансиран

На денешната 33 -та седница на струшкиот совет го усвои ребаланс на буџетот. Според законската процедура до 15 ноември  општините мора пред советниците да ги стават на разгледување потербиет за ребаланс на буџетот  доколку има за тоа потреба да се произнесат. Градоначалникот Рамиз Мерко пред советниците ја истакна потребата од ребалансирање на  претходно проектираниот буџет.

 |  Валентина Нелоска  | 
Sovet Struga
Sovet Struga

На денешната 33 -та седница на струшкиот совет го усвои ребаланс на буџетот. Според законската процедура до 15 ноември  општините мора пред советниците да ги стават на разгледување потербиет за ребаланс на буџетот  доколку има за тоа потреба да се произнесат. Градоначалникот Рамиз Мерко пред советниците ја истакна потребата од ребалансирање на  претходно проектираниот буџет. Мерко ги образложи сите ставки каде  што се очекувал поголем прилив но се потфрлило во очекувањата.Меѓу другото напомена дека поголеми расходи имало за потребите на противпожарната единица, а помалку остварен приход имало при продажбата на земјиште во сопственост на Република Македонија.  
Советниците го усвоија и извештајот за работењето на Jавното комунално претпријатие „Хигиена“ од Лабуништа. Советникот од  редовите на Пеи  Мирсад Мемишоски се интересираше до каде е изградбата на водоводот во ова село и кога ќе се решат проблемите со водоснабувањето кои веќе 4 месеци ги мачи лабуништани.
Sovet StrugaСтрушките советниците  ги вкрстија копјата околу точката  за  развојните програми на општината за 2012 -2014 година. По меѓусебните натегања дека советниците тргаат секој на своја страна при одредување на  висината на средствата  за некои  инфраструктурни проекти во одделни населби накрај заклучија дека најдобро решение е пропорционално финансирање на проектите. Советниците ја усвоија предлог одлука со која за сите развојни 4 годишни програми од општинскиот буџет ќе се издвојуваат по 20 посто. Жестока дебата имаше и околу измената за овластување на ЈП „Комунално“ со градските гробишта. Дел од советниците  побара од ова овластување да се издвојат муслиманските гробишта затоа што тие биле приватна сопственост на Исламската верска заедница. Директорот на „Комунално“ Петко Кутаноски истакна дека е беспредметно да се дискутира за ова затоа што од Министерство за транспорт и врски веќе добиле лиценца за управување со градските гробишта. Сепак, на крај се усвои предлог одлуката Комуналното претпријатие да управува само христијанските гробишта.
Советниците расправаа и по останати 12 точки. Усвоени се програмите за работа на детската градинка и за дочек на Нова година, донесена е одлука за проширување на христијанските гробишта. Прифатени беа и иницијативите за измена  на урбанситичките планови за Урбана единица 4 исток и урбан единица 3, блок 11.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top