Зошто Париз и Минхен никогаш нема да организираат ЛОИ?

Париз и Минхен нема да добијат никогаш организација на Летни Олимписки игри, изјави претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер.

 |   | 
olimpiski fakel
olimpiski fakel

Париз и Минхен нема да добијат никогаш организација на Летни Олимписки игри, изјави претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер.

BlaterБлатер изјави дека поради критиките од минатото кон Африканците, тие два града нема да можат да добијат никаква битка за организација на најголемиот спортски настан, затоа што 12 гласа од Африка во гласањето секогаш ќе одат на друга страна. Париз загуби во трката за ЛОИ 2012 од Лондон, а Минхен, пак, беше победен за ЗОИ 2018 од Пјонгчанг.

„Дозволете да ви предочам зошто Минхен не ја доби организацијата на Зимските игри 2018. Јас тоа му го предочив и на градоначалникот Кристијан Уде. Во подготовките за СП 2010 во Јужна Африка, првиот човек на Баерн Минхен, Ули Хенес и неговите соравботници премногу критикуваа до крајни граници. Му кажав дека Париз не ги доби ЛОИ само затоа што не ги освои африканските гласови. Во случајот со Минхен, Иса Хајату, претседателот на фудбалската конфедерација на Африка, јасно му предочи на Франц Бекенбауер, дека нема да може да сметаат на африканските гласови: Африканците не забораваат дека се обиделе да го уништат африканскиот Мундијал. И сега враќаат. Никогаш нема да може да организирате ЛОИ без 12-те африкански гласови“, објаснил Блатер за магазинот „Кикер“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top