Заминува ли Фернандо Алонсо од Ферари?

Британските медиуми минатиот месец пишуваа дека наводно постои интерес од Мекларен за пилотот на Ферари, а оваа недела германски Билд излезе со информација дека британскиот тим со сигурност ќе се обиде да го ангажира Шпанецот.

 |  Голабовски Крсте  | 
Fernando Alonso
Фернандо Алонсо

Мекларен оваа сезона бележи слаби резултати. Џенсон Батон и Серхио Перез ниту еднаш не успеаа да се искачат на пиедесталот, а во вкупниот поредок се на деветото место. Но, од 2015. година британците ќе добиваат мотори од Хонда, а за таа сезона започнуваат подготовките уште сега.

Fernando AlonsoОд Ред Бул веќе ангажираа двајца инженери за аеродинамика, а се чини дека наскоро следува ,,напад” на пилотот на Ферари. Билд тврди дека Фернандо Алонсо речиси сигурно ќе потпише за Мекларен каде што настапуваше во 2007 година, но поради лошиот однос со Луис Хамилтон го напушти тимот на Мекларен по само една сезона.

Шефот на Мекларен, Мартин Витмарш наводно веќе подолго време го убедува Алонсо да се врати, а од Хонда инсистираат Алонсо да биде ангажиран, па дури според Билд, Јапонците биле подготвени да плаќаат половина од годишната плата на Алонсо која би требало да изнесува околу 25 милиони евра.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top