Тројца Охриѓани, државни прваци во бокс во своите категории

За жал ретко кој знае за нив а градот Охрид во овој спорт не вложува ништо.

 |  Златко Китановски  | 
boks
бокс

И покрај тоа што тренираат во неподносливи услови и со дотраена опрема, охриѓаните Сашо Лескароски , Илче Јоноски и Бојан Ристески се државни прваци во бокс во Македонија за 2008 год. Нашиот соговорник Сашо Лескароски вели дека ова му е второ учество на државните првенства и исто така втор освоен златен медал.

Лескароски и Ристески од оваа година се вбројуваат во категоријата млади надежи и како такви се стипендисти на Aгенцијата за млади и спорт која во нив гледа идни репрезентативци на Македонија во овој спорт. Овој 19 годишен охриѓанец се надева дека во иднина градот Охрид ќе почне да вложува во овој спорт.Toj исто така се надева дека наместо сегашните тројца шампиони ќе има многу повеќе бидејќи како што вели во Охрид има талентирани боксери. Но, лошите услови во кои тренираат се причната поради која никој не се осмелува да дојде и да тренира.

боксНаместо да се посветат на боксот и на тренинзите охридските боксери мака мачат како да дојдат до спонзорства за да можат да одат на првенства и на турнирите низ Македонија а за меѓународните првенства не сакаат ни да помислат бидејќи за тоа мора да се најде спонзор кој би ги платил трошоците за одење надвор од државава. Сега останува прашањето дали градот Охрид може да им понуди некаква помош со која овие млади таленти би го претставувале Охрид и Македонија надвор од границите на републикава.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top