Стружанецот Наси Хани со потенцијал да стане светски шампион

Кевин Руни, 54-годишен тренер од Њујорк, е еден од најпознатите и најдобрите тренери во светот. Тој ја тренираше професионалната боксерска легенда Мајк Тајсон, заедно со легендарниот Куз Дамато. Сега под негов надзор е стружанецот Наси Хани. Кевин Руни откри детали од подготовките за мечот што следи на 29-ти мај во Берн против унгарецот  Золт Боди.

 |  Татјана Маленкова  | 
nasi hani
наси хани

nasi haniКевин Руни, 54-годишен тренер од Њујорк, е еден од најпознатите и најдобрите тренери во светот. Тој ја тренираше боксерската легенда Мајк Тајсон. Со него и со легендарниот Куз Дамато  ја освои и титулата светски шампион. Сега Руни, она што го постигнал некогаш со славниот Тајсон, се обидува да го повтори со стружанецот Наси Хани.
На прашањето „Сега кога во вашиот камп е боксерот Наси Хани, какво е вашето мислење за него?“, Руни одговори:
„Наси е тука три месеци…ова момче има голем потенцијал, тој е упорен борец и работник, има брзи нозе, брзо движење и мислам и ценам дека момчето најверојатно ќе стане светски шампион. Сум зборувал со него отворено за тоа што сака и што може да постигне во својата кариера. Тоа е бавно патување, но очекувам големи и прекрасни работи од Наси. Верувам дека тој ќе стане светски шампион многу полесно отколку што мислиме. Тој има одлична цврстина и храброст и можеме да одиме директно кон супер тешка категорија. Тој слуша сè што велам, добар e и ме убедува да верувам и да се надевам дека наскоро ќе стане светски шампион“

Руни направи и споредба помеѓу Наси Хани и Мајк Тајсон.

„Наси е решителен и одлучен како што беше Мајк Тајсон, го забележав тоа додека Наси тренираше. Уште не дошол денот, но јас со нетрпние очекувам да има спаринг-меч за да видам што може да предизвикаат неговите удари врз противникот во текот на борбата“

Инаку Наси Хани до сега е десеткратен шампион на Македонија. Добитник е на многу златни медали од разни турнири, како и освојувач на „Златен Гонг“, еден од најпрестижните меѓународни турнири кој се одржува во Скопје. Во текот на календарската 2009 год добитник е на златен медал на меѓународниот турнир „Независнот 2009“, кој се одржува во Приштина, кога во финалето го победи Кристијан Дема од Албанија.
Следниот противник на Наси Хани е унгарскиот боксер Золт Боди, во мечот кој ќе се одржи на 29-ти мај во Берн, Швајцарија.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top