Спортскиот арбитражен суд (CAS) одлучи за инцидентот во Белград

Главен виновник за инцидентот на прекинатиот натпревар е фудбалскиот сојуз на Србија

 |  инфодеск  | 

CAS ја отфрли жалбата на фудбалскиот сојуз на Србија, а ја прифати онаа на Албанскиот, бидејќи не пронајде никакви докази дека Албанците одбиле да го продолжат натпреварот кој беше прекинат поради настанатите нереди. Судот смета дека прекинот настанал поради лоша организација на натпреварот и втрчување на српските навивачи на теренот, кои потоа ги нападнаа гостинските играчи.

Спортскиот арбитражен суд (CAS) го прогласи фудбалскиот сојуз на Србија како главен виновник за прекинот, поради кој победата ѝ ја додели на Албанија со службени 3-0. Истовремено CAS го казни и фудбалскиот сојуз на Албанија со 100.000 евра бидејќи дронот кој слета на стадионот на Партизан носеше екстремистичко знаме кое ја прикажуваше картата на таканаречената голема Албанија.

Оваа одлука сега треба да ја одобри УЕФА, а откако бодовите ќе бидат додадени на Албанија, тие ќе се најдат изедначени со репрезентацијата на Данска на второто место со 10 бодови, два помалку од водечката Португалија. Србија со одземањето на три бода се најде во минус два бода и со изгубени шанси за пласман на Европското првенство во Франција идната година.

Директен пласман на Еуро 2016 ќе изборат по две првопласирани екипи од сите девет групи, и најдобрата третопласирана репрезентација, додека преостанатите осум третопласирани ќе одат во додатни квалификации.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top