Шпанија со големо изненадување

Репрезентативките на Шпанија приредија големо изненадување во првото коло од втората рунда на средбите коишто се играат во групата М1 во Охрид откако успеаја да го совладаат составот на Романија со 26:18.

 |  Крсте Голабовски  | 
selektor Spanija
селектор Шпанија

Репрезентативките на Шпанија приредија големо изненадување во првото коло од втората рунда на средбите коишто се играат во групата М1 во Охрид откако успеаја да го совладаат составот на Романија со 26:18.

Со одлична игра пред с$ во финишот од средбата Шпанија успеа да го добие овој меч и тоа со разлика далеку поголема од она што можеше да се очекува.
Првото полувреме донесе многу интересен натпревар во кој и двете репрезентации имаа свои периоди. Романките беа многу поквалитетни до 20 минута кога водеа со 6:4, но како одминуваше времето Шпанија успеваше да се врати во игра. Израмни на 6:6 и до крајот на првиот дел и двете селекции не успеваа да дојдат до подобар резултат, па на паузата заминаа со резултат од 9:9.

rakometarkiВторото полувреме беше неизвесно до 45 минута кога на семафорот стоеше резултат од 16:16. Во продолжението од мечот Шпанките зададоа удар до серија од 4:0. Поведоа со 20:16 и веќе во 50 минута стануваше јасно дека “фуријата” е близу до победата. Иако Романките се заканија со два гола по ред, сепак, тоа беше с$ што сторија на овој дуел.
Од 52 минута до крајот на теренот како да имаше само една селекција. со шест гола по ред Шпанките стигнаа до висок триумф и конечни 26:18 со што покажаа дека имаат сили и за место во полуфиналето.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top