Шумахер се чувствува како “дете пред Божиќ”

Михаел Шумахер вели дека се чувствува како “дете кое едвај го чека Божиќ”, потврдувајќи го ентузијазмот пред враќањето во формула 1. Новата сезона е на помалку од една недела, откако во петок ќе се одржат двете официјални тренинг сесии пред Бахреин ГП трката, кога конечно ќе започне вистинската битка во спортот, со крајот на “лажната војна” на тестирањето последниот месец.

 |  Маја Савиќ  | 
Shumaher
Шумахер

mercedes F1
Михаел Шумахер вели дека се чувствува како “дете кое едвај го чека Божиќ”, потврдувајќи го ентузијазмот пред враќањето во формула 1. Новата сезона е на помалку од една недела, откако во петок ќе се одржат двете официјални тренинг сесии пред Бахреин ГП трката, кога конечно ќе започне вистинската битка во спортот, со крајот на “лажната војна” на тестирањето последниот месец. За 41-годишниот Шумахер, кој го потврди враќањето во спортот пред Божиќ по три години во пензија, тоа ќе биде прв тест на неговата репутација.

“Конечно, сезоната ќе започне. Одлуката да направам камбек е толку далеку и сега нестрпливо го чекам петок во Бахреин. Забавно е кога ќе размислам дека ќе се натпреварувам во формула 1 кога само пред неколку месеци категорично ќе одбиев таква шанса. Но, понекогаш работите се менуваат и сега едноставно се поклопија работите. Се чувствувам свежо и сум совршено подготвен, физички и емоционално. Кога се повлеков во 2006, моите батерии беа едноставно празни. Сега се повторно наполнети и подготвен сум за предизвикот. Тоа што ме привлече беше натпреварувањето на највисоко можно ниво во формула 1”, изјави Шумахер.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top