Дали е проблемот во Меси или во Барселона?

Меси се чувствува незаштитено

 |  инфодеск  | 

Зборовите на некогашниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола, „Ако Меси не игра добро, тоа значи дека во вашето опкружување нешто не е добро“, на најдобар начин можат да послужат за анализа на моменталната состојба во каталонската екипа.

На третопласираната екипа во Примера оваа сезона не и цветаат рози, а во центарот на вниманието на шпанските медиуми е апатичната игра на Лионел Меси на последните три меча. Аргентинецот не е проблем на Барселона но факт е дека Меси го има. Како што пренесува шпански Sport, најсериозен проблем за слабите изданија на Меси е тоа што клубот не го освежил играчкиот кадар, а тоа никако не му се допаднало на Меси.

Тој се чувствувал незаштитен, како во клубот, така и вон него, како на теренот така и вон теренот. Пробал да најде мир во својата земја, но и тоа не успеало. Не можел да избега од притисоците на медиумите, кои оделе дотаму што го обвинувале татко му дека учествувал во перење на пари од продажба на оружје. На сево ова треба да се додаде дека не го заобиколија и повреди, како и неговата кавга со финансискиот потпретседател на Барселона Хавиер Фаус. Меси сакал да го продолжи договорот, а Фаус истакнал дека не гледа причина за тоа бидејќи неодмана го сторил тоа. На ова Меси му одговорил дека не знае ништо за фудбалот и дека спортот го разбира само како бизнис.

Клубот го тресе и забраната за носење на играчи поради трансферите на малолетни фудбалери, а не треба да се заборави и трансферот на Нејмар од 82 милиони евра од кои половина отишле во џебот на таткото од Нејмар. Несомнено е дека незаинтересираноста на Меси на теренот е многу повеќе од тоа и е показател за тектонските потреси во екипата од Ноу Камп. Аргентинецот ќе бара сламка за спас на Светското првенство во Бразил, натпреварување на кое нема освоено трофеј. А до тогаш челниците на Барселона ќе мораат добро да размислат за зборовите на Гвардиола.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top