Покрената криминална истрага и против Сеп Блатер

Претседателот на ФИФА осомничен за сомнителни исплати на Платини

 |  инфодеск  | 

Светските медиуми јавуваат дека е покрената криминална истрага против претседателот на ФИФА, Сеп Блатер.

Швајцарското државно обвинителство отвори истрага против долгогодишниот претседател на светскиот фудбалски сојуз, Сеп Блатер, поради сомнение за злоупотреба на службената положба, а адвокатот на Блатер објави дека неговиот клиент во потполност соработува со истражните органи.

“Канцеларијата на претседателот на ФИФА е претресен и податоците се одземени”, објави швајцарското обвинителство кое го терети Блатер дека во 2005 година потпишал штетен договор за ФИФА за телевизиски права со поранешниот потпретседател на ФИФА и претседател на КОНКАФ, Џек Ворнер, кој е уапсен во мај, воочи конгресот на ФИФА кога беа уапсени вкупно седум високи функционери на таа фудбалска организација.

Исто така, Блатер се терети и за случај на сомнителни исплати од два милиони швајцарски франци на претседателот на УЕФА, Мишел Платини и тоа за работи кои се направени во период од 1999 до 2002 година.

Блатер (79) се наоѓа на чело на ФИФА од 1998 година, а само неколку дена откако, во мај, доби нов мандат, поднесе оставка на својата должност. Новите избори за претседател на ФИФА би требало да се одржат кон крајот на годината, а главен кандидат за наследник на Блатер е токму Платини (60).

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top