Нокаутот на Белами

Напаѓачот на Манчестер Сити, Крек Белами е во центарот на вниманието по градскиото дерби со Јунајтед не само поради постигнатите погодоци туку и поради физичката пресметка со еден фан.

 |  Крсте Голабовски  | 
Craig Bellamy
Крег Белами

Напаѓачот на Манчестер Сити, Крек Белами е во центарот на вниманието по градскиото дерби со Јунајтед не само поради постигнатите погодоци туку и поради физичката пресметка со еден фан.

Craig BellamyДраматичниот пораз од 4-3 беше тешко прифатен од Белами а својата нервоза тој ја истури кон еден навивач на Јунајтед кој влезе на теренот непосредно по последниот свиреж на судијата. Попалениот навивач се обиде да го малтретира Белами но како одговор доби бокс во лицето.

Покано Белами, кој беше најдобар играч на граѓаните на теренот доби подршка и заштита од својот тренер Марк Хјуз. „Не видов што се случило, но на теренот треба да се само играчите а не и публиката, непријателите на Крег сега ќе пробаат да направат голем скандал“, изјави Хјуз.

Тренерот на Сити откри дека на паузата имало и друг инциндент но овој пат подебелиот крај го извлекол еден негов фудбалер. Станува збор за шпанскиот одбранбен играч Хавиер Гаридо кој бил погоден со монета фрлена од домашните навивачи. Се предпоставува дека вистинската цел сепак бил Карлос Тевез.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top