Мурињо си оди од Реал

Името на наследникот на португалскиот стратег на клупата на шпанскиот гигант се уште не е познато, иако не е тајна дека челниците на Реал преговараат со Карло Анчелоти. Мурињо, најверојатно, ќе биде нов тренер на Челзи.

 |  Голабовски Крсте  | 
Jose Murigno
Хозе Мурињо

Името на наследникот на португалскиот стратег на клупата на шпанскиот гигант се уште не е познато, иако не е тајна дека челниците на Реал преговараат со Карло Анчелоти. Мурињо, најверојатно, ќе биде нов тренер на Челзи.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и официјално соопшти дека клубот следната сезона ќе ја дочека со нов тренер.

Jose Murigno„Во меѓусебен договор со Мурињо одлучивме дека најдобро за двете страни е да заврши нашата соработка. Тој не е отпуштен туку одлуката за негово заминување е заедничка. Раководството на нашиот клуб му се заблагодарува за неговата работа и постигнатите резултати. Реал Мадрид предводен од Мурињо изминативе три години забележа видлив напредок. Му посакуваме се најдобро во новата средина, истакна Перез на прес-конференцијата на која го објави заминувањето на Португалецот.

Жозе во Мадрид пристигна во 2010. година, а со клубот освои еден шампионски трофеј, еден трофеј од „Копа дел Реј“ и еден Суперкуп. Три сезони по ред тимот испаѓаше во полуфиналето на Лигата на Шампионите. Сезонава 2012/13 Мурињо ја оцени како најлоша во неговата тренерска кариера.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top