f1

Мерцедес со „супер дифузер“ до победа во Бахреин!

f1Иако на патеката Мекларен се наметна како најголем фаворит во пресрет на почетокот на сезоната во Бахреин, Ф1 светот ги насочи своите мисли кон тимот на Мерцедес и неговиот нов контраверзен супер дифузер.
MercedesИако на патеката Мекларен се наметна како најголем фаворит во пресрет на почетокот на сезоната во Бахреин, Ф1 светот ги насочи своите мисли кон тимот на Мерцедес и неговиот нов контраверзен супер дифузер.
Тимот кој минатата година ја започна приказната со двојните дифузери (Браун), оваа година го донесе проблемот на поинакво ниво. Формата на Мерцедес беше честа „тема за дилема“ на конкурентите, а самиот Михаел Шумахер за само два дена даде две различни мислења за прогресот на неговиот тим.
По вториот ден во Барселона Германецот беше песимист, за само еден ден потоа да изјави дека недоволната анализа на собараните податоци била причина за неоснованиот песимизам, повлекувајќи ја претходната изјава. Посветената работа во пресрет на првата трка ја потврди и тимскиот шеф на Мерцедес, Рос Браун, прецизирајќи дека во некои сегменти болидот е на лимитот на дозволеното.

{loadposition content9}

bahrein, F1, бахреин, Ф1

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top