Кој ќе е прв финалист во Лига на шампиони ?

Баерн Минхен или Реал, ќе дознаеме вечерва  

 |  инфодеск  | 

Историјата е на страна на Баварците, кои на свој терен никогаш не загубиле од Мадриѓаните. Во досегашните 9 средби во Минхен, Баерн славел 8 пати и еднаш одиграле нерешено. Меѓутоа Карло Анчелоти пак никогаш во кариерата не загубил од актуелен европски шампион.

Баерн и Рeал досега одиграле пет полуфинални средби во Лига на шампиони, а кралскиот клуб успеал само еднаш да избори пласман во финале.

Двете екипи за викендот славеа во своите шампионати, Баерн против Вердер со 5-2, а Реал против Осасуна беше убедлив со 4-0.

Тренерот на актуелниот шампион, Пеп Гвардиола изјавил дека неговата екипа мора да игра поагресивно доколку сака во финале.

„Реал е екипа која може да игра во било која формација, да прави што сака на теренот. Имаат голем број на ѕвезди. Но, опасноста нема да доаѓа само од Роналдо, бидејќи тимот е составен од 11 играчи“, рекол Гвардиола.

Тренерот на кралскиот клуб, Карло Анчелоти, рекол дека освојувањето на Лига на шампиони е многу важно за Реал, но се осврнал на мечот во Минхен.

Она што е најважно во овој момент е да ги припремиме играчите на психолошки план за мечот. Тоа е многу поважно отколку тактичката припрема. Мислам дека по три последователни полуфиналиња, време е Реал да игра во финале, но тоа е нешто што зависи само од нас“, рекол Анчелоти.

Четири играчи ќе мораат да се чуваат од жолти картони, бидејќи во спротивно нема да играат во финалето во Лисабон, доколку нивната екипа се пласира. Од Баерн тоа е Марио Манџукиќ, а од Реал, Алонсо, Рамос и Иљараменди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top