Ќе слави ли Баерн?

Баерн Минхен ќе биде домаќин на финалето од Лигата на шампиони, но на натпреварот против Челси тие освен предноста од домашниот терен, нема да имаат многу поголема поддршка од своите навивачи.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Баерн Минхен ќе биде домаќин на финалето од Лигата на шампиони, но на натпреварот против Челси тие освен предноста од домашниот терен, нема да имаат многу поголема поддршка од своите навивачи.

алијанц аренаФиналето на Лигата на шампиони ќе се одигра на 19 мај на Алијанц арената во Минхен, домашниот стадион на Баерн и тоа сигурно ќе биде од огромна помош за Баварците, но поддршката од трибините ќе биде подеднаква и за нив и за Челси.

Капацитетот на Алијанц арената изнесува 69.000 гледачи, но на европските натпревари капацитетот е намален на 66.000 гледачи.
Според прописите на УЕФА, за финалето од Лигата на шампиони на двата финалисти им следуваат по 17.500 влезници, дел од останатите билети ќе им бидат поделени на спонзорите, а дел се пуштени во продажба.

За секое финале на најелитното клупско натпреварување во изминатите години имало огромен интерес за влезници, но овој пат тој интерес е уште поголем затоа што Баерн игра во својот град. Според информациите од Германија, откако Баерн Минхен синоќа успеа преку Реал Мадрид да се пласира во финалето, само во текот на ноќта клубот примил над еден милион барања за влезници.
Ова ќе биде четврти пат во историјата како еден од финалистите од Лигата на шампиони игра на домашен терен.
Во 1957-та година, Реал Мадрид ја Сантјаго Бернабеу ја победи Фиорентина со 2:0, во 1965-та Интер триумфираше на својот Сан Сиро против Бенфика со 1:0, а во 1984-та година домашниот терен не им донесе среќа на Рома која по пенали загуби од Ливерпул.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top