Јирген Клоп ќе биде новиот Мурињо

Јирген Клоп, одличниот фудбалски стратег од клупата на германскиот првак Борусија Дортмунд, веќе подолг период бележи резултати за почит.

 |  Голабовски Крсте  | 
Jurgen Klop
Јурген Клоп

Јирген Клоп, одличниот фудбалски стратег од клупата на германскиот првак Борусија Дортмунд, веќе подолг период бележи резултати за почит.

Со оглед на неговиот темперамент, многумина го споредуваат со португалскиот колега Жозе Мурињо, шефот на стручниот штаб на Реал Мадрид.

Jurgen KlopПа така, би можеле да заклучиме дека на Каталонецот Пеп Гвардиола, кој во јуни ќе го преземе Баерн Минхен, можеби и нема да му недостига ривалството со Мурињо.
Самиот Клоп, кој е обожуван од навивачите токму поради фактот што целосно се внесува и „активно учествува“ во секој натпревар, вика, скока, неизбежно „разговара“ со судиите, вели дека воопшто не му пречат споредбите со „Специјалниот“.
„Сакам да станам новиот Мурињо за Гвардиола. И понатаму да бидам главната пречка за Баварците, во следните неколку години. Доколку на Пеп не му се допаднам поради начинот на кој го водам тимот или поради реултатите, нема проблеми“, порачува Клоп, кој сепак остава простор работите да се одвиваат и во друга насока.
„Сепак, мислам дека Гвардиола нема лошо мислење за своите ривали. Верувам дека добро ќе се сложуваме. Исто како Мурињо и јас“, заклучи тренерот на Борусија Дортмунд.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top