Steven Gerard

Хуманиот Стивен Џерард

Steven GerardКапитенот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Стивен Џерард, уште еднаш ја докажа својата големина, не само како фудбалер, туку и како обичен човек.

Капитенот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Стивен Џерард, уште еднаш ја докажа својата големина, не само како фудбалер, туку и како обичен човек. Во пресрет на вчерашното градско дерби против Евертон (4:0), Џерард донираше 117.000 евра на здружението, коешто ги поддржува семејствата на навивачите кои настрадаа на „Хилсбороу”.

Steven GerardНемилиот настан се случи за време на дуелот помеѓу Ливерпул и Нотингем Форест, одигран на 15 април 1989 година, кога на стадионот „Хилсбороу” во Шефилд, загинаа 96 лица, а повредени беа 766.

„Сакав да го искажам моето жалење и сочуство. Знам дека вечерва на трибините ќе има скандирања, но, по ‘Хилсбороу’, за мене навивачите на Евертон се навистина големи“, изјави Џерард.

Капитенот на Ливерпул и покрај големото ривалство со Евертон ја искажа својата благодарност кон противничките навивачи.

„Голема благодарност до сите навивачи на Евертон, на нивната поддршка која ни ја даваат од тој момент. Ова го кажувам во мое име, но и во име на сите навивачи на Ливерпул“, рече Стивен Џерард.

{loadposition content9}

„хилсбороу, англискиот, благодарност, големина, докажа, евертон, ја, капитенот, ливерпул, навивачи, навивачите, обичен, премиерлигаш, својата, скандирања, Стивен, туку, фудбалер, човек, Џерард

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top