Галакси го пушти Бекам во Милан

Англиската ѕвезда веќе долго време не крие дека повторно сака да го облече дресот на Росоњерите, а сегашниот негов клуб Лос Анџелес Галакси кој што долго време не сакаше да чуе за тоа најпосле се согласи да го пушти под наем во италијанскиот гигант.

 |  Крсте Голабовски  | 
David Beckam
Дејвид Бекам

Англиската ѕвезда веќе долго време не крие дека повторно сака да го облече дресот на Росоњерите, а сегашниот негов клуб Лос Анџелес Галакси кој што долго време не сакаше да чуе за тоа најпосле се согласи да го пушти под наем во италијанскиот гигант.

David BeckamСпоред зборовите на Тим Лејвеке – извршниот директор на компанијата Anschutz Enterainment Group, која е сопственик на ЛА Галакси, сите детали околу повторното заминување на Бекам во Италија ќе бидат оформени во наредните две недели.

„За сите е подобро работите да завршат што е можно најбрзо. Потполно ја разбираме желбата на Дејвид и го подржуваме. Ќе го пуштиме во Милан, но треба да се состаниме со италијанците во рок од две недели, бидејќи после тоа ќе започне плеј-офот во МЛС лигата и сакаме тимот да ни е комплетно концентриран“, изјави Лејвеке.

Пред неколку денови самиот Бекам призна дека е многу блиску до Милан па дури и дека преговарал со управата на тимот. Оваа вест со сигурност го израдува и селекторот на Англија, Фабио Капело кој одблизу ќе може да ја следи формата на 34-годишниот играч за врска во месеците пред светското првенство во ЈАР.

Да потсетиме истиот расплет на настаните се одвиваше и минатата сезона и тогаш Дејвид Бекам беше позајмен од ЛА Галакси на Милан каде што, како што вели тој, поминал прекрасно време па затоа повторно сака да се врати во Европа и тоа токму во тимот на Милан.

Селекторот на Англија, Капело му постави ултиматум на Бекс, или да си најде клуб во Европа или нека не смета на повик во репрезентативниот дрес за Светското фудбалско првенство кое наредната година ќе се одржи во ЈАР. Со ова половина од задачата Бекс си ја исполнува останува уште можноста да пружи добри игри за тимот на Милан и со тоа да ја добие довербата на Капело за повик во репрезентацијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top