Се појави фотографија на Гвардиола со неговите жртви

Капка која ја прелеа чашата е продажбата на иконата на Баерн

 |  инфодеск  | 

Капката која ја прелеа веќе преполната чаша и гневот спрема Пеп Гвардиола беше продажбата на нивната икона Бастиан Швајнштајгер на Манчестер Јунајтед. Најверните навивачи на Баерн развија транспарент во Минхен кој за миг стана хит на социјалните мрежи и на навивачките форуми.
“До Пеп и неговиот слуга Румениге – го уништивте нашиот идентитет”, напишале на транспарентот.
Во исто време на социјалните мрежи се појави и интересна фотографија на Пеп Гвардиола од времето кога го превземаше клубот од Јуп Хејкенс.
На прв поглед фотографијата од клупската архива на Баерн по ништо не е посебна. Гвардиола се фотографирал во соблекувалната, но ако обрнете внимание на позадината на фотографијата ќе воочите дресови и фотографии на шестмина тогашни фудбалери на Баерн. Што е овде чудно? Ништо, освен тоа дека сите шестмина се жртви на Гвардиола и не се повеќе во Баерн: Пизаро, Крос, Манџукиќ, Гомез, Шаќири и Швајнштајгер. Секако, се работи за случајност, но коинциденцијата е фрапантна.
Дека навивачите ги загубија нервите и трпението, покажува и податокот дека лидерот и легендата на клубот Румениге е исвиркан на Алианц Арена при претставувањето на екипата за следната сезона.
Гвардиола е под страшен притисок откако Хејкенс на убедлив начин ја освои тројната круна, а навивачите на Баерн не се задоволуваат само со домашното првенство.
Нив не им се допаѓа ниту стилот на игра кој драстично отскокнува од германската филозофија на фудбалот. Директниот фудбал на Хејкенс е заменет со бесконечно пимплање кое ги нервира Германците. Сето тоа би го поднеле некако ако Баерн под водство на Гвардиола две години по ред не испаѓаше во полуфинале на Лигата на шампиони во судири со Реал и Барселона, најголемите конкуренти на баварскиот џин.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top