Формула 1 останува без јапонскиот гигант Хонда

Формула еден шампионатот останува без јапонскиот гигант Хонда. Поради глобалната финансиска криза раководните луѓе на јапонскиот производител на автомобили решија да се откажат од понатамошното партиципирање во најбрзото светско автомобилско првенството.

 |  Крсте Голабовски  | 
bolid
болид

Формула еден шампионатот останува без јапонскиот гигант Хонда. Поради глобалната финансиска криза раководните луѓе на јапонскиот производител на автомобили решија да се откажат од понатамошното партиципирање во најбрзото светско автомобилско првенството.

Иако постоеше голема желба и понатаму да останеме во формула еден шампионатот сепак поради финансиската криза не успеавме да обезбедиме доволно финансиски средства за натпреварување во најбрзиот циркус -изјави денеска првиот човек на Хонда, Такео Фукуи.

Раководството на Хонда во следните месец дена ќе се обиде да најде нов сопственик за својот ф еден тим. Изминатата сезона тимот на Хонда со 14 освоени бода го освои 9 место во конкуренција на конструктори. По повлекувањето на јапонскиот гигант следната сезона ф еден останува со 18 возачи од 9 екипи.

tim HondaСамо неколку часа откако објавија дека го продаваат својот формула еден тим, до раководството на јапонскиот автомобилски гигант Хонда стигнале првите понуди за откупување на екипата.

Во последните 12 часа добивме понуди од три сериозни компании кои се заинтересирани за преземање на екипата” – изјави генералниот директор на тимот Ник Фрај.

Овие информации веднаш добија потврда и од предводникот на формула Берни Еклстон кој изрази надеж дека сепак во 2009та Формула1 шампионатот ќе стартува со 10 екипи.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top