Фетел разочаран, паника во Ред Бул

Ниту 10 милиони евра не ги решаваат проблемите

 |  инфодеск  | 

Шефот на екипата на Ф1 тимот Ред Бул, Хелмут Марко, го вклучил алармот во екипата, затоа што болидот со кој моментално управува четирикратниот светски првак, Себастијан Фетел, не е ни приближно спремен за првата трка оваа сезона.

Ни 10 милиони евра не би ги решило нашите моментални проблеми. Рено мора да ја подобри изведбата на моторот, инаку ќе сме во големи проблеми“, рекол Марко за германскиот Bild.

На последното тестирање Фетел бил за повеќе од 6 секунди заостанување, по круг, од Мерцедесот на Нико Розберг, а доколку тоа заостанување не се намали, спрема правилата на меѓународната автомобилска федерација (ФИА), светскиот првак не би смеел ни да стартува во трката!

„Мерцедес е голем чекор пред нас. Тие веќе работат на понапредни тестови на подолги патеки со новиот болид, додека ние уште сме на почеток. Фетел е, тоа можам да ви го кажам, многу разочаран со моменталната ситуација со болидот“, открива шефот на Ред Бул.

Од четврток до недела тестирањата ќе се одржат во Бахраин, а тоа ќе биде последно службено тестирање пред почетокот на новата сезона, која започнува на 16-ти март со големата награда за Австралија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top