Фетел најдобар во Сингапур

Откако денес во Сингапур успеа да стигне до најдоминантната победа во оваа сезона, Себастијан Фетел имаше само пофални зборови за својот тим Red Bull.

 |  Голабовски Крсте  | 
Sebastijan Fetel
Себастијан Фетел

Откако денес во Сингапур успеа да стигне до најдоминантната победа во оваа сезона, Себастијан Фетел имаше само пофални зборови за својот тим Red Bull.

Фетел имаше многу добро темпо во текот на целата трка кое што не можеше да биде следено ниту од еден од неговите конкуренти. И покрај излегувањето на безбедносното возило на половина од трката, на крајот финишираше со предност поголема од половина минута пред Фернандо Алонсо.

Sebastijan Fetel„Стартот беше стравичен. Ми беше тешко да се справам со Нико бидејќи имаше подобар старт од мене. За среќа, влезе премногу длабоко во свикот број 1. Овој момент беше решавачки бидејќи имавме многу добро темпо. Безбедносното возило ни ја поремети стратегијата, но и потоа имавме многу добро темпо.” – изјави Фетел.

„Болидот беше неверојатен, но тоа не се случува на среќа – позади тоа стои многу напорна работа. Вечерва беше вистинско задоволство да се вози болидот на оваа луда патека.” – додаде тој.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top